Запознајте ја Вирсавија – дете родено со срце вон градниот кош (видео)

Сподели со своите пријатели

Вирсавија Борун – Гончарова е девојче кое се разликува од останатите деца по една работа. Нејзиното срце е сместено вон нејзиното тело.

Loading...

Иако во текот на бременоста, нејзината мајка била обесхрабрена дека детето нема да преживее, петгодишната Вирсавија се уште се бори за живот. Еве ја вистинската приказна на малата хероина.

Малата Вирсавија е родена со торакално – абдоминален синдром познат како Пенталогија на Кантрел. Се работи за вистински редок синдром кој се појавува еднаш на 5.5 милиони раѓања и е пропратен со породување на бебе со органи сместени вон телото. Во случајот со малата Вирсавија е тоа што таа е родена со срцето вон нејзиното тело.

Како што е прикажана на сликата, се гледа само нејзиното срце прикриено со тенка кожа. Тоа што е навистина зачудувачко е што таа е се уште жива затоа што најмала повреда на кожата може да биде фатална по нејзиниот живот.

Откако е родена во Русија, таа сега живее со нејзината мајка во Јужна Флорида по долгите патувања низ САД барајќи помош за нејзината состојба. Неколку болници и доктори ги обесхрабриле во надежта дека нејзиното срце може да биде вратено под градниот кош поради стравот од можни компликации.

Барајќи помош, извесен лекар се нафатил да ја оперира, но засега тоа е невозможно во следните две години поради високиот крвен притисок.
Како поддршка во нејзината борба, отворена е страна за помош на малата Вирсавија која во моментот се занимава од јавање на пони и игра со делфини до пеење и играње, па дури и правење шпага.

Нејзината сторија е навистина по многу што единствена во светот.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.