Запознајте го столарот со 28 прсти (видео)

Сподели со своите пријатели

Девендра Шутар од Гуајарт, Индија роден е со 28 прсти и тоа му овозможило да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Шутар инаку е столар па вели дека додатните прсти нималку не му ја олекснуваат работата затоа што цело време мора дополнително да внимава да не ги исече.

Тој на секоја дланка има по седум прсти, а исто и со стопалата. Се работи имено за развојна аномалија полидактилизам која е многу ретка. Луѓето од цела Индија доаѓаат со децата за да го видат и да му посветат внимание.

Луѓето ме третираат како ѕвезда. Доаѓаат да ме видат и поради тоа се чувствувам посебно. Изразите на лицата на луѓето кога ги гледаат моите прсти се непроценливи. Поради нив станав славен и сметам дека ме направија среќен човек. Никогаш не ми паднало на памет да ги отстранам – вели тој и додава дека децата посебно ги развеселува кога со своите бројни прсти прави трикови – пренесува „Дејли Мејл“.

Но, кога имаш 28 прсти, тоа има и свои негативни страни.

Сите додатни прсти во некои ситуации претставуваат проблем. Столар сум и цело време работам со чекан и пили. Секогаш морам да бидам многу внимателен за да не ги пресечам – признава Индиецот.