Запознајте го семејството кое живее со 14 мечки (видео)

Сподели со своите пријатели

Семејството Велд помалку е необично. Моника Велд (57) и нејзиниот син Џони Четврти (27) живеат со 14 мечки од кои некои тежат и до 500 килограми.

Својот ранч на Флорида го нарекле „Рај за мечки“ (Bearadise) и на него досега се грижат за гризли, мрка, па дури и поларни медведи.

Минатата година мажот на Моника починал од срцев удар во 60. година, поради што семејната љубов кон мечките била доведена во прашање.

 

Loading...

 

Благодарение на синот, Моника успеала да ја надмине тагата и продолжила да се грижи за омилените животни, пишува „Дејли мејл“.

– Знам дека мојот маж им недостасува на мечките. Тие забележуваат дека го нема. Мојот син и јас одлучивме да продолжиме со традицијата и да се грижиме за медведите, рекла Моника и додала дека мечките ги сака повеќе од лушеѓето.

Инаку, велат дека мечките на ранчот никогаш никого не нападнале и дека се многу мили суштества.