Народот Бербери се вистински шампиони на преживувањето. Живеат во Сахара, на местото каде владее сурова клима, низ векови биле цел на бројни освојувачи, нивните култури ир елигии, но покрај сето тоа не исчезнале.
Бербери се староседелско население на Северна Африка. Името под кое во светот се познати им го дале другите и тие самите не го користат. Се нарекуваат Имазигени или Амазир (слободен човек), а својата територија на нарекуваат Тамазгха. Јазикот на кој зборуваат се вика берберски јазик.
Нивната територија се протега од Египет до Мавританија и од Средоземјето до брегот на историска под-сахарска Африка.
Најпознатото племе на Бербери е живописно номадско племе Туарег, чии воини носат сина облека која се уште се забележува низ сахарската пустина.
Низ историјата често биле покорувани. Многу империи и народите ги освојувале историските делови на берберските земји започнувајќи од Феникијците и Грците, потоа Римјаните, Вандалите, Византијците, Арапите, Турците, Французите, Британците, Шпанците и Италијанците.
Од 13 век поголемиот дел од Амазири е во исламот.
Тие се населени во северниот Магребу (западен дел од Северна Африка) и поголемиот дел од оние кои живеат во Атласки планини, типично светло на смеѓ или посветол изглед, со зачестена појава на светла и црвена коса и зелени и сини очи што е вообичаено во целиот регион. Оние кои живеат во близина на Сахара се смеѓи или многу црни.
Наспроти популарното мислење кои ги опишува Амазирите како номадски народи кои преминуваат пустина на грбот на камилата, поголемиот дел всушност се занимавале со семенско земјоделство во планините и долините ширум северна Африка. Некои од нив исто така, се вклучени и во трговијата.