ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ГЕНИЈАЛЕЦОТ: Има 8 години, а студира на три факултети (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со неполни осум години Лоран Симон станал студент на три престижни универзитети во Холандија, белгија и Германија и ја доби титулата најпаметно момче во Европа.

Loading...

Навидум типичен осумгодипник, но има коефициент на интелигенција 145, а пред да стане „најмлад студент во историјата“, основното училиште го завршил за само две години.

Симон, како што пренесуваат медиумите, запишал основно училиште на четиригодишна возраст.

Пред самото тргнување на факултет, Симон, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, за белгиската радио станица RTBF рекол дека омилен предмет му е математика.

Тој тогаш рекол дека размислува да стане хирург и астронаут, но дека размислува и за информатичката технологија.

Таткото на момчето рекол дека неговиот син, кога бил помал, имал проблеми да се игра со останатите деца, како и дека никогаш особено не го интересирале играчките, пренесува ВВС.

https://www.facebook.com/vrtnws/videos/10157495534404622/

Leave a Reply