Започнуваат Летните Олимписки игри: Токио 2020

Сподели со своите пријатели

Најпрестижната спортска манифестација во светот, Олимписките игри денеска конечно по една година одлагање поради пандемијата со коронавирусот започнува во Токио со големо гала отворање во јапанската претстолнина.

Loading...

Ова е прво издание на Олимприските игри кои ќе се одржат во непарна година поради поместувањето.

 

 

Овогодинешните игри ќе бидат многу поразлични од претходните изданија поради неприсуството на публика која беше потврдена од јапанската влада поради заштита од ширење на инфекцијата на коронавирус.

Најдобрите и најквалитетните спортисти од сите спортови во светот ќе ги вкрстат силите и ќе се борат да дојдат до многу посакуваното олимписко злато, кое вреди многу во секоја спортска кариера.

Македонија со 8 спортисти ќе се обиде да го оправда местото на игрите и да дојде до добар резултат.

Loading...

Ова е 32 изданије на летните Олимписки игри кои ќе траат од 23 јули до 8 август.

 

 

М.Ф

Leave a Reply