Започнува животот во „старото нормално“: Од денеска збогум за дел од рестриктивните мерки!

Сподели со своите пријатели

Од ноќва Македонија живее без полициски час по долг временски периоди, а откако во Службен весник доцна пред полноќ беа објавени одлуките на Владата, денеска животот на граѓаните се враќа во „старото нормално“.

Loading...

Владата одлучи да се укине и работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги.

 

 

Сепак за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.

Владата донесе заклучок да се дозволи и одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.

Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од денеска е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.

Loading...

 

 

Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби, кој веројатно ќе биде објавен денеска.

Никола Ивановски

Leave a Reply