Започнува трката во генетско вооружување: Дали близначките Лулу и Нана имаат супермоќи?

Сподели со своите пријатели

Кинесктие близначки кои се генетски модифицирани така да бидат отпорни на вирусот ХИВ можеби имаат и ментални супермоќи за кои нивниот креатор молчи, когнитивна предност која би можела да ја потикне трката во генетско вооружување, тврди едно ново истражување.

Loading...

Лулу и Нана, родени се отпорни на ХИВ со помош на технологијата CRISPR, а сега се сомнева дека имаат ментални моќи поврзани со истата измена на негите. Новата студија потврдила дека со бришење на гените CCR5, истито зафатен кој е изведен над ДНК на девојчето, значително се подобрување учењето и меморијата кај глувците и луѓето.

– Одговорот е дека тоа веројатно влијаело на нивните мозоци. Тие мутации веројатно ќе имаат влијание на когнитивните функции кај близначките, но ефектот е непредвидлив – рекол невробиологот Алсино Силва од Универзитетот Калифорнија, додавајќи дека тоа е причината зошто не треба да се извршува таа процедура.

Хе Џианкуи, научник од Јужниот универзитет за наука и технологија во Шенжен, се појавил во јавноста во ноември тврдејќи дека со својот тим ги создал првите бебиња отпорни на ХИВ така што го избришал генот CCR5 од ембрионот со помош на техниката CRISPR, а потоа ги имплементирал во матката, наведува РТ. Научната заедница ја осуди неговата работа.

– Мојата реакција на раѓањето на генетски изменети близначи беа тага и одбивност, вели Силва.

Тој изразил загриженост дека во тек е трга во генетско вооружување. Но, кинескиот научник тврди дека тоа не била неговата намера.

– Јас сум против користењето на изменети гени поради подобрување, рекол хе недела дена по раѓањето на близначките, иако признал дека е свесен за истражувањата за ефектите од деактивацијата на CCR5 врз мозокот.

Неговиот експеримент ја прекршил забраната во Кина за репородуктивна употреба на измени на гени кај човечки ембрион. Меѓутоа, Силва, кој бил коавтор на првата објавена студија во врска со CCR5 во 2016 година, вели дека го набљудувал брзиот прогрес на тоа поле до клиничките истражувања кај пациенти заболени од мозочен удар и кај оние со пад на когнитивните способности како резултат на ХИВ.

Loading...

– Постои голема разлика помеѓу обидот да се исправат недостатоците кај таквите пациенти и обидот да се создадат подобрувања, истакнал тој.

Leave a Reply