Започнува тридневна акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од петок организира тридневна акција за собирање на кабаст отпад, во согласност со насоките од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Акцијата ќе се спроведува од 12 декември и ќе трае до недела, со цел да се овозможи правилно и контролирано отстранување на големиот отпад од домаќинствата.

Големи контејнери за кабаст отпад ќе бидат поставени на три локации во градот: кај поранешниот „Шипад“ во населбата „Гоце Делчев“, на паркингот кај Градскиот базен и кај зградата на Противпожарната единица Куманово.

Од претпријатието апелираат граѓаните да го одложуваат стариот мебел и останатиот кабаст отпад исклучиво на овие локации и само во предвидениот тридневен период.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТППЕ Куманово доби уште едно противпожарно возило од Австрија (ФОТО)

Целта, како што наведуваат, е да се подигне свеста и заеднички да се придонесе кон почиста и поуредна животна средина.

Никола Ивановски