Започнува сезоната на отворениот Градски базен

Сподели со своите пријатели

Отворениот градски базен утре започнува со работа, информираат надлежните од јавното претпријатие Чистота и зеленило. Цената на билетите останува иста од минатата сезона, односно бесплатен влез за децата до седумгодишна возраст во присуство на родителите, за децата од седум до 12 години билетот чини 75 денари, а повозрасните за влезницата на отворениот базен ќе плаќаат 150 денари.

Loading...

-Останува она стандардно работно време за работа на градскиот базен почнувајќи од 10 до 18 часот, сакам да ја искористам оваа прилика да ги повикам најмалите, уживатели во водните лудории во летните авантури да го посетат градскиот базен да уживаат на тој простор, бидејќи нудиме навистина добра услуга. Капачите кои ќе го посетат отворениот базен ќе имаат можност да се напијат освежителни пијалаци, за најмалите ќе има и храна на самото место – изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП„Чистота и зеленило“.

Како и претходните години за безбедноста на капачите и редот на базенот, ќе се грижат неколку спасители, редари и хигиеничари.  Отворениот градски базен е со површина од 550 метри квадратни, а се поставени  200 лежалки. Паралалено со работата си продолжува и затворениот градски базен.    

Leave a Reply