Започнува реализација на десетина развојни проекти во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

На денешната четириесет и осма седница на Советот на Општина Куманово градоначалникот Зоран Дамјаносвки, одговарајќи на прашање од советникот Александар Арсиќ најави реализација на десетина проекти во следниот период низ општината.

Станува збор за комунални и инфраструктурни проекти, дел веќе во завршна фаза, а дел се очекува да започнат со реализација во следниот период.

Станува збор за завршан постапка за одржување на патна инфраструктура во должина од 30.000 квадратни метри, како и санирање на оштетени површини околу 7,5 километри квадратни, а приоритет ќе се дава по барање на граѓаните и советниците. Ќе бидат поставени и бекатонски површини во големина од 10.000 метри квадратни во потесните улички и тротоари- вели Дамјановски.

Што се однесува до комуналните проекти, Дамјановски ја најави канализацијата на улицата Перо Стојмановски кој ќе добие и нова патна инфраструктура, како и 1,5 милиони евра за поставување на протокомери и водомери од страна на ЈП „Водовод“.

Деновиве започна реновирањето на тротоарите на улицата „Народна револуција“ во големина од 3.400 метри квадратни, простор по кој секојдневно чекорат многу ученици, а беше значително оштетен. Во тек е и тендер за осветлување на стариот градски парк, како и хортикултурно уредување, комунално опремување и поставување нова асфалтна површина во паркот кај градскиот стадион, пат во село Речица вреден 300.000 евра, патот Четирце – Старо Нагоричане – Никуљане, санација на мсотот во Којнаре и реконструкција на Занатскиот дом – рече градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Освен ова според одговорт на градоначалникот во заврша фаза е внатрешното уредување на затворениот градски базен, а наскоро ќе започне и изградба на отворениот. Базенот се очекува да биде пуштен во употреба за школската олимпијада на 5-ти мај, а првите капачи да ги прими на почетокот на летната сезона.

Со нови проекти ќе бидат опфатени и приградските населби Перо Чичо, Иго Тричковиќ и Карпош.