Започнува потрагата по исчезнатиот континент

Сподели со своите пријатели

Научниците започнаа истражување по исчезнатиот континент Зеландија, подводна маса источно од Австралија која никогаш не била детално истражена.

Истражувачкиот тим ќе собира примероци од седиментни и други карпи длабоко во морето за да открие како регионот се однесувал пред десетина милиони години. Ќе може да ја истражат историјата на океанот, екстремните климатски услови, живиот свет на морското дно, тектонските плочи и зоните во кои настануваат земјотреси.

Невил Ексон од Австралискиот национален универзитет, рекол дека двемесечната експедиција ќе помогне за подобро разбирање на големите промени во тектонската конфигурација која зпаочнала пред околу 53 милиони години.

Отприлика во тоа време настанал и т.н. „Огнен прстен“, зона со најмногу вулкани и земјотреси во светот.

Зеландија, чиј најголем дел е под јужниот Пацифик, била дел од суперконтинентот Гондвана од кој се одвоила пред околу 75 милиони години. Имала површина од околу пет милиони квадратни километри.

Некои нуачници, кои во февруари изнеле предлог Зеландија да се прогласи за нов континент, навеле дека станува збор за јасно одреден геолошки енттитет кој ги задоволува сите критериуми како и останатите континенти на Земјата, вклучувајќи надморска височина, јасна геологија, дефинирано подрачје и кора подебела од онаа на дното на океанот.

 

Loading...