Започнува Коњаничкиот марш за Илинден низ Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Коњанички марш по повод Илинден денеска попладне ќе стартува низ кумановските населби со цел зачувување на историјата и традицијата.

Loading...

Уметничкото здружение „Коњаница“ стои зад организацијата, во која ќе можат да уживаат граѓаните на Куманово.

Коњаницата вечерва стартува од 17 часот од кај црквата „Св. Димитриј“ во село Тромеѓа при што ќе помине во 18 часот на улицата „120“ во населбата Карпош. Еден час подоцна ќе рпистигне во Ајдучка Чешма, а во 19:30 во населбата Перо Чичо кај Амбулантата.

 

 

Како што рече Иван Цветковски, човекот кој стои зад организацијата, вели дека целта е да се разбудат младите да ја негуваат традицијата и културата.

– Моментално имаме девет учесници што е одлична бројка за прв пат. Тешко е да се најде коњ, се пријавија многу јавачи, има голем интерес, но мал број на коњи, изјави Цветковски, кој сам одгледува седум коњи на својот приватен имот.

Loading...

Како човек кој неколку пати учествувал на Илинденскиот коњанички марш до Крушево, вели дека тоа сакал да го стори од својот роден град, но додава дека тоа логистички и финансиски е многу тешко.

– Треба големи финансиски средства, поддршка од логистика и луѓе, пример ако од Лисиче им требаат седум дена за јавање на нас би ни требале осум до девет дена, што е дополнителен проблем за јавачите, некои одат на работа, некои не се слободни, така да не е лесно ни да се јава десет дена, треба поцврсти и спремни јавачи. Ова е убав и позитивен, но тежок спорт, вели Цветковски.

 

 

Од пред година дена сам одгледува коњи на својот приватен имот. Како што вели, се труди да одгледува сам што повеќе коњи, да направи конак со соби, а потоа да има и тури, јадење и презентација на локалниот туризам.

– Да не бидеме во различно облечени, бидејќи сум бивш припадник на Армијата, сакам еднобразност, но и да биде традиционално. Отидов во Музеј Куманово, имав две носии од которската и шопската, направивме уникатна средина што ќе личи најблиску до кумановската униформа. Во кумановско нема многу комитско, има повеќе гласини, за време на Крушевската Република, има една чета отидена, а втората кога дознала дека е воспоставена Крушевската Република, тргнале, но некаде кај светиниколско разбрале дека веќе било угасено востанието, вели тој.

Јавањето, вели е многу убаво и позитивно, но за прв пат е непријатно и треба да се има контрола над коњот.

Loading...

– Вие сте пилотот над коњот, погрешното разбирање со него може да доведе до несакани последици.

 

 

Месечно, Цветковски троши од 150 до 200 евра за еден коњ, за храна и ветеринар. Но, додава дека тоа не е негов бизнис, туку хоби кое сака да го негува и развива.

Коњаничкиот марш ќе продолжи и утре, при што стартот повторно ќе биде кај црквата „Св. Димитрија“ во 18 часот, по што околу еден час подоцна ќе биде во село Доброшане кај месноста „кланица“. Веќе во 21 часот се очекува да пристигнат до „Св. Илија“ во село Орашац.

Главната манифестација сепак ќе биде на 2 Август, на Илиден, кога од 18 часот ќе имаат дефиле низ кумановските улици, по што околу 21 часот ќе завршат кај Спортската сала Куманово.

Никола Ивановски

Loading...