Започнува асфалтирање на улици во Карпош и Перо Чичо (галерија)

Сподели со своите пријатели

Вчера започнаа градежните зафати за реконструкција на две улици во населбата Перо Чичо и една во населбата Карпош, кои се дел од проектот за одржување, реконструкција и изградба на поголем број улици во приградските населби, предвидено со програмата која ја има изгласано Советот на Општина Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”399″]

 

Граѓаните од улиците „Анѓа Ранковиќ“ и „6-ти Април“ од населбата Перо Чичо повеќе нема да газат во кал при секој помал дожд или да се гушат во прашина во летниот период. Градежните машини вчера излегоа на терен со што започна реконструкцијата на овие две улици.

Увид на терен изврши и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој најави дека ваквите проекти за реконструкција ќе продолжат и од есен согласно развојната програма изгласана од Советот на Општина Куманово.

По асфалтиран пат наскоро ќе чекорат и жителите од улицата „40“ во населбата Карпош, каде вчера Дамјановски исто така изврши увид во работењето, но ја искористи можност од блиску да се запознае со проблемите на жителите од овој дел на градот.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]