Започнаа „Ноемвриските денови“ – Со низа настани Куманово ќе одбележи 506 години постоење

Сподели со своите пријатели

Голем број настани ќе бидат дел од програмата за Ноемвриските денови со кои Општина Куманово одбележува 506 години од постоење на градот и 81 година од ослободувањето од фашистичкиот окупатор.

Во рамките на програмата веќе се одржа Изложба на Филип Цветковиќ – „Пчелна изложба“, а беше одбележан и Денот на ромската азбука. Пензионерите пак ја одржаа манифестацијата „Пензионерите за својот град“.

Денеска на репертоарот на програмата е промоција на книга од Монсињор д—р Киро Стојанов – македонски свештеник – католички епископ на Скопската епископија. Настанот ќе се одржи во Занаетчискиот дом во 19 часот.

Во исто време вечерва КУД „Српски вез“ ќе го одржи својот 12ти годишен концерт во НУЦК „Трајко Прокопиев“, додека пак утре од 18 часот концерт ќе има КУД „Бајрам Шабани“, а еден час подоцна ќе биде отворена изложбата на слики „Асоцијативни апстракции“ од Марјан Стојановски.

Со почеток во 19 часот во петок во НУЦК „Трајко Прокопиев“, Културно-уметничкото друштво „Бајрам шабани“ со концерт ќе одбележи 80-годишен јубилеј.

Турнир во шах за основните ис редни училишта ќе се одржи во сабота во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ – Куманово со почеток во 10 часот.

Истиот ден на репертоарот ќе има уште неколку турнири. Турнир во стрелаштво со воздушна пушка ќе се одржи во Гимназијата „Гоце Делчев“, исто така од 10 часот. Во Спортската сала на ООУ „Магдалена Антова“ со почеток од 12 часот ќе се одржи турнир во фудбал меѓу детски екипи од ФК Куманово 2012 и ФК Биџо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Цитроен“ излета кај Страцин, тројца повредени

Со почток во 18 часот во сабота во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи „Балкан фест 2025“, во организација на КУД „Бајрам Шабани“.

Во недела со почеток од 10 часот ќе се одржи турнир во фудбал во младински категории, во организација на Женскиот фудбалски клуб Башкими, на градскиот стадиот.

Истиот ден ќе се одржи и клупски натпревар во шах, во организација на Гратски шаховски клуб Куманово во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Од 19 часот во Спортската сала Куманово ќе се одржи настанот „Куманово танцува“.

Програмата продолжува и во понеделник, кога во 10 часот ќе започне традиционалниот турнир во мал фудбал – Пехар на градоначалникот, во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Од 11 часот ќе се одржи улична трка во организација на Општинскиот сојуз на спортови, која ќе започне во 11 часот кај „Рим Париз“.

Вечерта од 18 часот литературен конкурс „Куманово во срцето“ во организација на СВР Куманово и НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Еден час подоцна во просториите на Аикидо клуб „Агатсу“, ќе започне семинар со аикидо мајстори од цела Македонија.

Во 19:30 во недела ќе биде отворена традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“, во уметничката Галерија при Музеј Куманово.

Денот ќе заврши со Мега концерт кој од 20 часот ќе започне на градскиот плоштад, а на кој ќе настапат Лука Чомбе, Слаткаристика, Тони Зен и Калиопи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца повредени во сообраќајка на патот Пчиња – Куманово

На самиот ден на ослободувањето, кој годинава се паѓа во понеделник, ќе започне Меѓународен фудбалски турнир во младински категории на фудбалските терени на Спомен Костурница и теренот на ЗИК кај спортската сала со почеток во 10 часот.

Во 11 часот ќе се одржи свеченото положување цвеќе на Спомен Костурница, во чест на загинатите борци на Народно ослободителната војна.

Точно на пладне во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Куманово.

Програмата продолжува и во деновите што ќе следуваат, а целосниот репертоар изгледа вака:

– 12.11.2025 – Ликовна работилница Сподели богатство” – Млади ликовни уметници, уметничка галерија при НУ Музеј – Куманово, со почеток во 11:00 часот.

– Изложба на слики „Вода“ од Биљана Јовчевска, сала Занаетчиски дом, почеток 19:00 часот.

– Промоција на книга „Калиграфи на филмско платно” на Влатко Галевски, мала сала – НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, почеток 19:00 часот.

– 13.11.2025 – Биенална изложба на цртежи „Скици 2025“, изложбен салон на НУЦК, Трајко Прокопиев” Куманово, со почеток во 19:00 часот.

– 14.11.2025 – Натпревар „Млади библиотекари“, читална на Библиотека „Тане Георгиевски“ со почеток во 10:00 часот.

15.11.2025 – Женски турнир во одбојка, спортска сала на СОТУ „Наце Буѓони”, почеток во 11:00 часот.

– Солистички концерт на Билјана Камчева, кубус НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово, почеток во 13:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  70-годишен Германец се обидел да внесе марихуана преку Табановце

– 17.11.2025 – Концерт со Маја Божиновска на пијано и Марко Поп Ристов на виолина, фоаје – НУЦК, Трајко Прокопиев”, со почеток во 19:00 часот.

– 18.11.2025 – Награда за најдобра проза и поезија по повод 11 Ноември ден на градот”, сала Занаетчиски дом, почеток 19:00часот.

– 19.11.2025 – Музичко училиште, Панче Пешев”, концерт, сала – Занаетчиски дом, почеток 19:00часот.

– 20.11.2025 – Меѓународна изложба на фотографии „Фото Салон 2025“, Уметничка галерија при НУ Музеј Куманово, почеток 19:30 часот.

– 21.11.2025 – Промоција на книга, „Куманово у срце, Куманово у душу, поносна Кумановка”од дипломиран инжињер по архитектура во пензија, сала Занаетчиски дом, почеток во 19:00 часот.

– 24.11.2025 – Денови на „Балканска етно ризница“, сала Занаетчиски дом, почеток 19:00часот.

– 25.11.2025 – „Црвен се бајрак развева” професор Кирил Пенушлиски, сала – занаетчиски дом Куманово, почеток во 19:00 часот.

26.11.2025 – Библиотека јубилеј 80 години од постоењето, завршна манифестација по повод ден на книгата, сала – Занаетчиски дом, почеток 11:00 часот

– 27.11.2025 – Музичко училиште „Панче Панче”, музички настан, сала Занаетчиски дом почеток 19:00часот.

– Изложба на слики, Асоцијативен пејзаж” од Мухамед Идризи, изложбен салон – НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, со почеток во 19:30 часот.

– 28.11.2025 – (ДЕ) КОДИРАН БИТ Самостојна изложба на Марина Цветановска – Мартиновска, Уметничка галерија при НУ „Музеј Куманово“, почеток 19:30 часот.

Никола Ивановски