Започна проектот за проширување на улицата „Гоце Делчев“ и изградба на нов кружен тек, соопшти денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Loading...
Кружниот тек ќе биде на локацијата „Серава“, односно крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“, „Бајрам Шабани“ и булеварот „Трета МУБ“.
Loading...
– Садниците кои беа позиционирани на оваа локација се времено стручно отстранети и ќе бидат повторно вратени на соодветна локација опфатена со овој проект, информираше градоначалникот.
Никола Ивановски