Започна проектот „Револуција на таленти“

Сподели со своите пријатели

Заврши првиот дел од проектот „Револуција на таленти“ кој во понеделник се одржа во Revolution caffe во соработка со Телевизија Плус во кој се претставија 5 таленти од Куманово.

Loading...

Од сите кои учествуваа првите три со најмногу гласови одат во следната етапа од проектот, а гласањето зависеше исклучиво од публиката, односно гостите во Revolution caffe.

На првата вечер се претставија Мирјана Милановска, Lake Above an Ocean, Драгана Арсовска, Марко Димитриевски и Мартина Денковска, од кои првите три веќе се пласирани во следното коло од натпреварот.

[huge_it_gallery id=”183″]

Симпатиите на публиката ги осви Мирјана Милановска, која е воедно и намјладиот учесник која има само 15 години, а на крајот на барање на сите се пертстави со уште неколку песни.

Водителки на проектот се Мартинија Геогргиевска и Теодора Миленковиќ, а од Revolution caffe истакнуваат дека се презадоволни од атмосферата и заинтересираноста за овој настан.

Проектот ќе продолжи да се одржува секој понеделник од овој месец, со што последната вечер ќе биде финалето кога ќе се дознае кој ќе добие снимање на песна и професионален видео спот од Телевизија Плус.

Првата емисија ќе се емитува на програмата на Телевизија Плус вечерва со почеток од 20 часот.

Loading...