Започна изградбата на градскиот отворен базен (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Започна изградбата на отворениот летен градски базен, како и партерното уредување на целокупните пропратни објекти во затворениот базен.

Градоначалникот на Општина Куманово најави дека летниот отворен базен се очекува да биде пуштен во употреба во периодот од 15-ти до 25-ти јуни, додека затворениот градски базен првите капачи би ги примил на 5-ти јуни.

Овој базен има површина од 550 квадратни метри со 200 можни места лежалки и места за посетители. Така да во летниот период и ќе имаме место каде нашите граѓани ќе имаат рекреативен дел. Ќе има угостителски објект, свлачионици и сите стандарди на таков мал аква парк или рекреативен базен.

Целокупната инвестиција на овој комплекс изнесува 200 милиони денари кои се вложени од Буџетот на Општина Куманово во текот на изминатите три години.