Започна изборниот процес во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

На сите 167 избирачки места во Куманово точно во 7 часот утринава стартуваше вториот круг од изборите за шестиот претседател на Република Северна Македонија.

Loading...

Како што информираше Ајрула Ќерими, заменик претседател на ОИК Куманово, право на глас имаат 92.839 граѓани, вклучително со 134 лица кои правото на глас го остварија вчера како затвореници или болни и изнемоштени лица.

И во општината Старо Нагоричане, сите избирачки места се отворени навремено. Таму право на глас имаат 3.333 жители. Вчера правото на глас го оствариле осум болни и немоќни, информираше претседателот на тамошната Општинска изборна комисија, Драган Јовановски.

Во 7 часот, изборниот процес започна и на сите 36 избирачки места во Општина Липково, каде право на глас имаат 25.363 граѓани, информираше претседателот на тамошната ОИК Лирим Јашари.

Leave a Reply