Започна „Генералка викенд“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово започна акцијата „Генералка викенд“ во кој се вклучија повеќе невладини организации од градот, општината и јавните претрпијатија. Целта на кампањата е да се исчисти градот од депониите и на истите места да се засадат дрвја кои дополнително ќе го разубават изгледот на Куманово.

Loading...

 

 

– Задоволен сум од одзивот кој што го имаме во градот, за жал имаме преку 70 вакви локации на територијата на град Куманово. Апелирам до граѓаните за многу повисока свест, оваа локација што денеска ќе ја чистиме со сите активисти и со помош на АРМ, невладиниот сектор, кумановски акцијаши, ЈП „Чистота и Зеленило“, и сите останати волонтери е чистена 5 пати само во рамки на мојот мандат. Затоа уште еднаш ги молам граѓаните и апелирам до сите да не го исфрлаат отпадот непрописно. Доколку е потребно има јавно претпријатие па луѓето  може да ги контактираат, а ние ќе им доставиме голем контејнер за габаритен отпад, бидејќи на ваквиот начин се уништуваме самите себе си и нашите сограѓани. -изјави Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Оваа акција нема да биде последна акција, бидејќи како што најави Димитриевски до крајот на годината уште вакви акции кои ќе придонесат за расчистување и разеленување на градот.

 

 

-Работиме во скромни средства, имаме предвидено во рамки на годишна програма за работа ставка за расчистување на дивите депонии и дополнителна ставка за чистење на речното корито. Ќе вршиме акции на повеќе територии на општината, па дури и на некои кои не се во сопственост на општината. Затоа апелирам повторно ѓубрето да не се фрла и изнесува во дивите депонии туку да се почитуваат и следат законите. Во моментов имаме над 30 мотокултиватори кои што спортивно на законот оперираат на тертирорија на општина Куманово, вклучени се директно во сообраќајот. Моментално работиме на нивна дислокација согласно со законот немаат право да учествуваат во сообраќајот, но морам да потенцирам дека МВР не ги санкционира, па затоа давам апел до МВР да интервенираат и да се вклучат по законот да ги санкционираат и да ги исклучат од сообраќајот. Овие мотокултиватори кои се искучиво земјоделски машини се користат за превоз на отпад, градежни материјали и друг вид на стоки кои завршуваат на дивите депонии  во градот. Се додека не се интервенира нема да има никакви резултати – вели Димитриевски.

 

 

Loading...

Организатор и творец на акцијата „Генералка викенд“ е  „MAN AND MOUNTAIN LLC”.

– Еколошката акција ќе се спроведе на локација кај Градскиот кеј, при што ќе се мери тежината на собраниот отпад, кој претходно се складира во поставените станици за оваа намена на „Пакомак”. Дополнително со механизација и АРМ ќе се чисти и депонијата кај маркет „Туш”. За секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено дрво, создавајќи монументална шума „Сончева гора”. Во акцијата можат да учествуваат сите граѓани на локација кај Градскиот кеј кои ќе придонесат во зачувувањето на животната околина и општина Куманово да стане „Општина на годината со најмногу совесни граѓани за животната средина“, изјави Ханес Јекел од „MAN AND MOUNTAIN LLC”.

 

 

Во рамките на акцијата денеска повторно се чистеше дивата депонија кај „Туш“.

Текст М.Ф

Фото Н.И

Loading...

Leave a Reply