Започна да се гаси една од галаксиите во вселената

Сподели со своите пријатели

Астрономите и научниците од Европската јужна опсерваторија откриле како една од далечните галаксии во вселената почнува да згаснува, што би можело да биде значајно откритие во разбирањето на универзумот и животот на самите галаксии.

Loading...

Според Европската јужна опсерваторија, галаксиите умираат кога ќе престанат да формираат sвезди.

Галаксијата што ја откриле ја губи својата моќ и „гориво“ со чија помош произведува sвезди.

ЕСО верува дека истребувањето на галаксијата било предизвикано од судир со друга.  Според ЕСО, новата галаксија формирана од судирот е позната како ID2299.

„Ова е прв пат да забележиме типична масивна галаксија што формира sвезди во вселената и која ќе умре поради масовно исфрлање на гасови“, вели Анаграсија Пуглиси, водечки истражувач во новата студија.

Исфрлањето на гасот се случува со голема брзина и бидејќи галаксијата создава sвезди многу брзо, стотици пати побрзо од нашиот Млечен пат, преостанатиот гас ќе се потроши брзо.

„Бев воодушевен што открив таква извонредна галаксија. Исто така, бев убеден дека постојат одредени процеси што можат да нè научат како работат далечните галаксии и како всушност се одвива нивната еволуција”, рече Пуглиси.

Бидејќи галаксијата откриена од истражувачите преку системот АЛМА е оддалечена 9 милијарди светлосни години, астрономите всушност снимиле настан за кој велат дека се случил во млада фаза во вселената, кога била стара „само“ 4,5 милијарди години.

Loading...

Leave a Reply