Започна акцијата за заловување кучиња скитници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во тек е акција за заловување на кучиња скитници на подрачјето на Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор и најавија дека стручни екипи ќе продолжат со акцијата и во текот на утрешниот ден.

Во изминативе денови беа заловени кучиња кај Соколана, а денеска и утре ќе се заловуваат кучиња во близина на основните и средните училишта, изјави Гордан Таневски, комунален редар од секторот за инспекциски надзор.

Стручни екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ кои се задолжени за спроведување на акциите, претходно на 28 и 29 јануари заловија 32 кучиња скитници.

Заловувањето се спроведува согласно Законот заштита и  благосостојба на животните. Прифатилиштето ги исполнува стандардите. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани и се враќаат на истата локација од каде што се заловени, вели Таневски.

Општина Куманово за годинава одвои 800.000 денари без ДДВ за заловување на кучиња скитници. Граѓаните редовно ги информираат надлежните од секторот зa присуство на кучиња скитници по одредени реони и населби во градот. Со претходниот тендер на подрачјето на Куманово беа заловени околу 300 кучиња скитници.

преземено од ТВ Сител

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.