Сојузниците на Киев сакаат да го зголемат производството на оружје во Украина.
Ова ќе им донесе профит на западните корпорации, иако е ризичен потфат, пишува Њујорк Тајмс.
Ова е поврзано со вчерашните посети на Киев на шефот на НАТО и министрите за одбрана на Франција и Велика Британија.
Залихите на муниција на Западот се при крај, а членките на алијансата не можат да се држат во чекор со растечките потреби на Киев.
„Ова ќе биде важна можност за украинските компании да воспостават нови партнерства со индустријата во рамките на алијансата и пошироко“, рече Јенс Столтенберг.
Францускиот министер Себастиен Лекорну истакна дека за Париз развојот на украинското производство на оружје е „начин да се држиме до избраниот курс и да го зајакнеме францускиот интерес за Киев и Украина на долг рок“.
Франција планира да „донира“ помалку оружје и да продава повеќе, „понекогаш со субвенции“.
Столтенберг рече дека НАТО сега има големи рамковни договори со компании за оружје во вредност од 2,4 милијарди евра за муниција, вклучително и 1 милијарда евра цврсти нарачки.
Тој рече дека таквите договори ќе им овозможат на членките на НАТО да ги надополнат своите исцрпени резерви, а во исто време да продолжат да ја снабдуваат Украина со муниција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.