Западните компании заработија милијарди во Русија, но залудно

Сподели со своите пријатели

Западните компании кои продолжија да работат во Русија по започнувањето на Специјалната воена операција остварија милијарди долари профит, но Кремљ им го блокираше пристапот до готовина бидејќи доаѓаат од руските „непријателски“ земји.

Loading...

Компаниите од земјите кои воведоа санкции кон Москва заработиле 18 милијарди долари во 2022 година, додека вкупниот профит на странските компании во земјата е 20 милијарди долари, покажуваат податоците на Киевската школа за економија што ги објави Фајненшл тајмс.

„Десетици милијарди долари се заглавени во Русија“, изјави извршниот директор на една голема компанија.

„И нема начин да ги извадиме“, додава тој.

Локалните приходи на компаниите од БП до Ситигруп се „заклучени“ во Русија откако Москва ги забрани плаќањата на компании од САД, Британија и ЕУ бидејќи овие земји ги блокираа руските средства, пренесува RT Balkan.