Сите основни и средни училишта, детски градинки и факултети во Македонија од утре ќе бидат затворени!
– Да се прекине воспитно образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни и средни училишта, на територијата на целата земја во наредните 14 денови. Да се ослободат вработените од работни обврски од овие установи. За еден родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство од работа кое што ќе биде целосно платено во јавните и приватните институции, рече Филипче.
Наставата на факултетите исто така се прекинува.
Сите масовни собири на отворен и затворен простор со над 1.000 учесници во следните 14 дена се забрануваат.
– Ссе препорачува да се откажат и да не се организираат настаните под оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот во наредните 30 дена на територија на целата држава. Се воведува целосна самоизолација од 14 дена на луѓето кои доаѓаат од жариштата, рече Филипче.
Физичките и правните лица кои нема да ги почитуваат овие препораки или ќе ги прекршат истите ќе бидат казнети согласно членот 205 и 206 од кривичниот законик.
Никола Ивановски