Заноне – италијански остров кој некогаш бил синоним на оргии и разврат

Сподели со своите пријатели

Забранет атол со темно минато, Заноне е најдивиот атол на римскиот архипелаг Понтина на западниот брег на Италија.

Loading...

 

 

Изолацијата на островот го направи совршено место за одржување маскирани забави кои ќе кулминираат во развратни сцени кои потсетуваат на „Очи широко затворени“ на Стенли Кјубрик.

Со смарагдно зелени води, сино небо и прекрасен пејзаж, островот Заноне има сè што би очекувале од скоро напуштен италијански остров.Исто така има репутација на нешто неочекувано – оргија.

 

Loading...

 

„Ја гледате ли таа бела колонијална вила таму горе?“, прашува рибарот Џорџо Анџело, додека покажува со прст кон вилата на врвот на карпа со поглед кон Тиренското Море.

Во текот на шеесетите години од минатиот век, маркизот од Касати Стампа одржувал раскошни сексуални забави на островот. Голема атракција, освен природните убавини на островот, е неговото темно, секси минато, кое главно се фокусира на Маркизот и неговата сопруга Ана Фаларино, поранешна актерка.

„Маркизот бил безобразен човек, воајер кој сакал да ја гледа и фотографира својата старлета жена во секс со други помлади момчиња“, додава Анџело.

ВИП-забави на островот

Десетици јахти и моторни чамци се приклучувале за време на викендот, носејќи војводи, барони, грофици, ВИП и милијардери.

 

Loading...

 

Гостите и домаќините пиеле обилно. За време на неодамнешните градежни активности на одржување, локалните власти пронашле купишта скршени шишиња и скршено стакло закопани во земја.

Според гласините, во вилата имало „скриена просторија со огледало“.

Жителите кои живеат на блискиот остров Понза, од каде започнуваат денешните тури со водичи, сè уште се сеќаваат на скандалозната двојка, маркизот и актерката.

„Сите знаевме што се случува таму, но тогаш никој не рече ни збор“, вели туристичкиот водич Рикардо Пеци.

 

 

Loading...

Еротските игри завршиле со крвопролевање во 1970 година, кога Ана се вљубила во еден од нејзините убави љубовници. Во љубомора, нејзиниот сопруг Маркизот од Касати ги убил сопругата и нејзиниот љубовник, а потоа се застрелал во главата во нивниот замок во Рим.

Италијанските таблоиди побрзаа да објавуваат делови од тајниот „дневник на зелен сомот“ на маркизот, во кој очигледно детално пишувал за љубовните триаголници на неговата сопруга.

 

 

Денес на Заноне нема ништо, дури ниту кафуле. Има само светилник и поранешната вила на Маркизот со поглед на море, што е доста уништена.

Loading...

Изградена е во 30-тите години на минатиот век и го наследувале благородници од генерација на генерација.

 

 

Италијанската аристократија отсекогаш го користела островот како приватен резерват за лов, населувајќи го со стотици диви овци.

Loading...

Leave a Reply