Заминала на состанок со непознато момче, а во меѓувреме вовеле карантин: Сега мора да живее со него

Сподели со своите пријатели

Од Кина доаѓа необична приказна за девојка која локдаунот или карантинот ја принудил да остане и да живее со момчето со кое отишла на состанок на слепо.

Loading...

Кинезинката Ванг во неделата вечерта отишла на договорен состанок на слепо со момче во градот Женгжу, каде што избила епидемија на коронавирус, па илјадници граѓани биле под принуден карантин.

Додека таа го завршувала својот оброк со додворувачот што штотуку го запознала, областа околу неговата куќа била ставена под заклучување.

Поради тоа, како што изјавила за кинеските медиуми, не можела да го напушти неговиот стан откако дошла во градот на еднонеделна посета за да се сретне со потенцијалните додворувачи.

 

 

Ванг сподели бизарно искуство со пријателите преку социјалните мрежи.

Loading...

„Поминуваат години, па семејството ме поврза со 10 потенцијални момци. Петтиот сакаше да ме воодушеви со своите кулинарски способности и ме покани на вечера“, раскажува таа на една од снимките.

Споделила и уште неколку видеа во кои секојдневно документира, на кои може да се види како нејзиниот додворувач ѝ готви, како извршува домашни работи и работи на лаптопот додека таа спие.

„И покрај тоа што е зборлив како дрвена кукла, сè на него е прилично добро. Иако храната е просечна, тој сепак сака да готви, што мислам дека е одлично“, вели таа во едно видео.

 

 

Сепак, непланираниот продолжен престој со додворувачот не довел до понатамошен развој на врската.

Нејзиното искуство не е единствено само за Кина.

Loading...

Минатиот месец, маж од северната провинција Шанкси преселил некои работи од станот, но кога се вратил не можел да оди по нови, па морал да позајми кауч од соседите за да има на што да спие.

Она што е неочекувано во случајот на Ванг е тоа што нејзините видео – дневници станаа онлајн сензација на мрежата Веибо и се прегледани милиони пати.