По сите превирања во Министерството за внатрешни работи и напнатите односи помеѓу министерот Оливер Спасовски, началниците и замник министерот Митко Чавков, но и написите дека министерството е во хаос кој е закана за безбедноста на државата, заменик министерот д-р Агим Нухиу ги повика вработените да ги почитуваат основните вредности на инстутуцијата.
Постоењето на различни култури со нивни вредности и норми во состав на сите хетерогени категории во МВР е сосема природно. Поделбата на улогите и вршењето на должностa во согласност со важечките закони го подига нивото на институционално управување. Стабилноста на Министерството за внатрешни работи не треба да се доведува во прашање под било кои околности. Различните културни идентитети на хетерогените категории на вработените во МВР секогаш треба да останат во согласност со правото и правдата. Тие може да се претворат во проблем доколку се судрат со основните вредности на институцијата. Да останеме верни и совесни до крај за владеењето на правото, за функционирање на правната држава и примена на суштинските европски стандарди – стои во соопштението на Ахиу.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.