Заменети 99 проценти од постоечките светилки во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Речиси целосно се заменети светилките во Куманово и селата откако почна имплементацијата на јавното приватно партнерство за модернизација на осветлувањето во градот, информираше, денеска градоначалникот, Максим Димитриевски.

Loading...

Извршена е промена на 99 проценти од постоечките светилки со нови лед штедливи сијалици.

Јавното осветлување од почетокот на годинава е предадено на приватниот партнер „ИЦС Системи“ од Чешка.

– Општината има огромен финансиски бенефит од проектот, бидејќи ако во минатото издвојуваме на месечно ниво над еден милион денари само за тековно одржување, денеска по однос на заштеди партнерот ни исплаќа од еден до еден и пол милион денари средства кои ги користиме за дополнување други ставки, раздолжувања, реализирање нови проекти-изјави Димитриевски.

Тој вели дека има ситни технички проблеми на локации каде има поставено светилки за осветлување на „диво“ од страна на одредени граѓани.

– Тоа е спротивно на законот и приватниот партнер тоа го решава директно со нив. Тој ја има комплетната обврска за сервисирање на поставената мрежа и во моментов поставуваат дополнителни контролни ормари кои се користат за контрола на потрошената електрична енергија со оглед дека постојат голем број диво приклучени лица на подрачјето на општината, кои за жал, крадат струја од постоечката мрежа за напојување на уличното осветлување. Неопходно е да инвестираат во ова и до крајот на годината ќе ја постават, ќе ги детектираат таквите случаи и ќе ги пријавуваат пред надлежните органи-изјави Димитриевски.

Дефектите се пријавуваат на дежурниот телефонски број, се реагира во рок од 24 до 48 часа ако е поситен технички проблем. Во спротивно ако има сериозни дефекти приватниот пертнер е должен во рок од седум дена да го отстранат дефектот.

– Имало реакции досега од неколку граѓани, но со тек на време мислам дека ќе се решат постоечките проблеми. Според сите оценки кои доаѓаат од граѓаните од Куманово, но и оние од страна даваат оценка се дека градот е еден од најдобро осветлените градови во државата и исклучително сум благодарен на партнерот-вели Димитриевски.

Loading...

Општина Куманово и приватниот партнер фирмата „ИЦС Системи“ од Чешка, подружница Охрид, го потпишаа договорот за модернизација на јавното осветлување и воспоставување на јавно-приватното партнерство на 15 јули лани.

Според договорот, приватниот партнер требаше инвестира 4,7 милиони евра за поставување ново осветлување и подобрување на мрежата на јавно прометните површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места со модерен систем за управување.

МИА

Leave a Reply