Замена на прозорци во објектот на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна замената на прозорци на истурената зграда на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, објави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

– Старите прозорци во објектот на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“ лоциран на улицата „Тане Георгиев“ се заменети со нови ПВЦ-прозорци, напиша Димитриевски.

 

 

Во објектот се реконструира покрив, прозорци, врати и подови. Општина Куманово ја распиша тендерската постапка во мај годинава. Објектот е еден од најстарите во градот, а го користат двете училишта за ученици од редовна настава и за ученици со попреченост.

Проектот за реконструкција на истурениот објект на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ доби најголем број гласови од учесниците од последната сесија на форумот на заедниците која се одржа во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

 

Loading...

 

Во оваа зграда настава следат 530 ученици од двете училишта, меѓу нив и 55 ученици во посебните паралелки.  Објектот се реконструира со 50.000 швајцарски франци, обезбедени од проектот кој го спроведува Советот на општина Куманово со поддршка на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Проектот „Зајакнување на општинските совети“ опфати едукација за советниците од повеќе сфери и за надлежностите од локалната самоуправа. Граѓаните, здруженијата, невладините организации, општинската администрација, училишта сами предлагаа и го избраа приоритетниот проект.

 

 

Александра Максимовска

Loading...

Leave a Reply