Заложничка криза во Берлин, ја решија специјалците

Сподели со своите пријатели

Германски специјалци упаднаа во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг за да стават крај на заложничката криза во раните утрински часови, објави полицијата на Твитер.

Loading...

Насилникот се самоубил, а неговиот заложник е неповреден, соопшти полицијата.

Како што пренесува фотографот на ДПА, заложникот кој со часови бил заробен бил однесен во брза помош.

Претходно „од опасната зона“ беше спасена една жена, соопшти полицијата. Таа била полесно повредена.

„Можам да потврдам дека операцијата е завршена“, изјави портпаролот на полицијата за ДПА рано утринава.

Специјалци упаднале во продавницата нешто по 2:30 часот.

Грабеж кој се претвори во заложничка криза

Првите повици за грабежот во продавницата околу 17:30 часот во понеделникот предизвикаа голема операција недалеку од Витенбергплац, плоштад во луксузниот кварт западно од центарот на градот, каде што се наоѓаат големи продавници.

Со часови, инаку фреквентниот дел беше опколен и непристапен.

Loading...