Залихите на храна се доволни, ќе се ослободат од давачки некои прозиводи

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и директорот на Државниот пазараен инспекторат Стојко Пауновски оствари работен состанок со претставници на најголемите прехранбени компании во земјата.

Loading...

На состанокот се дискутираше за мерките на Владата за справување на последиците од коронавирусот, како и за залихите на храна кои во моментот ги имаат компаниите од прехранбениот сектор, но и проблемите со кои се соочуваат во тековното работење.

Министерот Бектеши информираше дека владиниот пакет мерки, објавен вчера е само почеток и дека економските ресори во Владата ќе бидат во интензивна комуникација со бизнис секторот се со цел да им се излезе во пресрет во услови на криза.

-Денеска со претставници на најголемите прехранбени компании во земјата разговаравме за состојбата со залихи на храна. Во моментов има доволно храна за сите граѓани. Заклучивме дека во овој момент сме обезбедени со залихи на основни прехранбени производи за неколку месеци. Единствен проблем со кој се соочуваат во моментов е набавката на репроматеријали кои доаѓаат од увоз. Министерството за економија согласно нивните барања, заедно со Министерството за финансии во текот на денешниот и утрешниот ден ќе направиме листа и ќе донесеме одлука за ослободување на одредени давачки кај некои производи – потенцираше министерот.

Според него целта на ваквите мерки е за да се влијае да не се зголемуваат цените на одредени производи, дури и да се напшрави притисок за намалување на одредени цени

-Работиме напорно нема простор за паника има храна за сите, има залихи треба да бидеме вниматели за да ја поминеме кризата на најдобар можен начин – потенцираше министерот.

Министерката за финансии посочи дека преку пакетот мерки ќе се таргетира зголемување на ликвидноста  кај фирмите и задржувување на работните места, односно преку бескаматните кредити преку Развојната банка, одложувањето на аконтации за данокот на добивка и субвенционирање на 50% од придонесите. Таа наведе и дека денеска на Комитетот за стабилност со Народната банка ќе се зборува за начинот на кој ќе се изведе мерката за репрограмирање на долговите на граѓаните и фирмите, на тој начин што откако ќе заврши мораториумот за плаќање нема да им претставува наеднаш и голема обврска.

-Министерството за финансии ќе направи напори за што побрзо да се вржо повратот на ДДВ со цел да се заштити и зголеми ликвидноста. За месецот веќе има исплатено 1,6 милијарди денари вратено ДДВ, пристигнуваат нови налози оваа недела и ќе продолжиме да ги извршуваме навремено повратите на ДДВ кои во моментов се потребни за ликвидноста на стопанството – рече Ангеловска.

Loading...

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танаскоски кажа дека интензиво се работи за да се обезбедни непречен проток на стока, не само со земјите од ЦЕФТА регионот, туку и во рамки на Европската унија.

-Можам да потврдам дека нашите капациети се целосно на располагање и ќе обезбедиме целосен проток на стока. Единствен проблем е од епидемиолошки аспект за возачите кои влегуваат и излегуваат од земјата  кои што вршат превоз на стока. Во текот на минатиот ден заедно со Здравствениот санитарен инспекторат успеавме да издејствуваме се издаваат дозволи за возачите, со што изјавите кои ги потпишуваат возачите за карантин доколку самите имаат дозвола за излез од државата да се неважечки, со што се надевам дека со оваа дозвола ќе се воспостави рутина и камионите слободно да транзитираат и ќе се забрза протокот на стоки- потенцираше Танаскоски.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауноски уште еднаш алармираше дека таргет на инспекциски контроли ќе бидат оние трговски и компании кои што нема да ги почитуваат одлуките на Владата.

-Ги извршуваме одлуките на Владата единствено што можам да порачам е дека граѓаните не треба да имаат паника за зголемување на цените, трговците кажаа дека нема да зголемуваат цени, а денеска и прехранбениот сектор кажа дека нема да ја зголеми цената – потенцираше

Ѓорѓи Петрушев претставник од земјоделско прехранбениот потенцираше дека целата прехранбена индустрија е максимално мобилизирана

-Ставени сме во во фокус како да го продолжиме производството, залихи сите имаме доволни . Сега е важно да се ставиме во служба на земјата и на потрошувачите. Нема потреба од панично купување на храна. Храна има доволно за сите. Она што го правиме сега може само да си наштиме ако сите одиме во маркетите и панично купуваме. Ако натрупаме залихи за две , три или четири недели, некој нема ни за два дена – потенцираше Петрушев.

Тој истакна дека сега е време за разбирање, солидарност и не само за сами себе туку за целата заедница.

-Единствен проблем кој го имаме е како да обезбедиме увоз на реппроматеријали кои се увозни компоненти, а тоа е веќе во тек, кажа Петрушев.

Loading...

Интегрално соопштение: Министерство за економија

Leave a Reply