Залетана кола усмрти жена во Скопје

Сподели со своите пријатели

Полицијата го утврди идентитетот на жената која вчеранавечер околу 20.00 часот беше прегазена на улицата „Васил Ѓоргов“ од автомобил „Опел“ со скопски регистарски таблички.

Loading...

Иако првичните информации говореа дека се работи за малолетно девојче, како што објави „Курир“, станува збор за 50-годишната Сузана Т. П. од Скопје, која по ударот починала на лице место.

Возачот, скопјанецот Б.Б. (37) и сопатничката од автомобилот Ј.П. (33) се пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош.

„Курир“ повикувајќи се на сопствени извори од болницата пишува дека сопатничката била пуштена на домашно лекување, а возачот е задржан на Клиниката за неврохирургија.

Според првичните информации, возачот со десниот дел од автомобилот удрил во Сузана, по што удрил во метална ограда, во скали и на крај завршил со автомобилот во излог од дуќан лоциран во блиската зграда.

Увид на лице место извршиле полициски екипи во присуство на јавен обвинител, по што телото на починатата Сузана е предадено на обдукција.

Фото: Нетпрес