Закроени лозовите насади во „Киро Бурназ“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На имтот на Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во селото Којнаре денеска беа закроени лозовите дрвца, со што традиционално се одбележа празникот Свети Трифун во присуство на наставниците, учениците, како и локалната самоуправа и свештени лица од Кумановско-осоговската епархија.

Loading...

Одбележувањето на празникот е традиција откако во училиштето е засаден првито лозов насад, кој претставува добра можност учениците да добијат повеќе практични знаења во рамките на земјоделско-ветеринарната струка.

Градоначалникот Максим Димитриевски со директорката Весна Трајковска први ги закроија лозовите насади.

Loading...

Димитриевски упати честити за празникот до граѓаните и посака успешна година на сите производители на вино.

– Воедно да се заблагодарам на нашето училиште за оваа традиционална организација со која покажуваат дека не само што едуцираат, туку ја негуваат традицијата на нашите простори и воедно да им честитам за добивање на статусот Државно училиште, со што ќе следуваат и капитални инвестиции и верувам дека сјајот на оваа училиште повторно ќе се врати на чело со менаџерскиот тим, со сите вработени и голема благодарност до учениците кои денеска приготвија пригодна програма, изјави Димитриевски.

Директорката на училиштето, Весна Трајковска, вели дека на овој ден се пренесува дел од традицијата на учениците и ги мотивираат истата да ја негуваат и понатаму.

– Се надеваме дека во тоа успеваме затоа што, како што гледате учениците во голем дел учествуваат во подготовка на оваа манифестација. Се надевам дека со ова вршиме еден вид промоција на нашето училиште и ќе ја развиеме свеста младите да продолжат да се занимаваат со земјоделие, да одгледуваат винова лоза и други видови земјоделски култури, но денеска е денот на винарите и лозарите, изјави Трајковска, која упати честити и за Свети Трифун и за Свети Валентин, Денот на љубовта.

Loading...

Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето, а според народните верувања ако на денешен ден паѓа дожд, сливата ќе има добар род, снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќет.

Никола Ивановски

Leave a Reply