Закрепнувањето на побарувачката на нафта ќе продолжи, но со побавно темпо

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) Хајтам ал-Гаис изјави дека се очекува закрепнувањето на глобалната побарувачка на нафта да продолжи, но со побавно темпо од почетокот на оваа година и отколку во 2021 година.

Loading...

„Сè уште предвидуваме зголемување на побарувачката на нафта… во споредба со периодот на пандемијата на Ковид во 2020 и 2021 година. Има постпандемиско закрепнување и сè уште го гледаме, но има релативно намалување на нејзиното темпо“, изјави Ал Гаис за алжирската државна телевизија пред денешниот состанок на групата ОПЕК +, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Револуција во Норвешка: Социјалните мрежи се забранети за луѓе на оваа возраст

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.