Захарова: Украина беше богата во СССР, а сега е меѓу најсиромашните во Европа

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Украина некогаш била една од најбогатите републики на Советскиот Сојуз, но сега стана една од најсиромашните земји во Европа.

Loading...

Таа ги обвини САД дека го третираат украинскиот народ како потрошна роба во нивниот конфликт со Русија.

Захарова тврди дека Американците во последно време се обидуваат да ги претстават Украинците како борци за демократија и миротворци, а во исто време им испраќаат големи количини оружје.

„Не можеме да зборуваме за сериозна мировна иницијатива на Киев и неговите западни спонзори“, рече таа.

„Режимот во Киев не се грижи за чувствата на милиони верници“

Таа потоа се осврна на серијата прекршувања на човековите права во Украина, пријавени од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР), нагласувајќи дека прекршувањата не треба да се собираат од 24 февруари оваа година, кога Русија ја започна својата офанзива против Украина, туку треба да се земат предвид и претходните осум години.

Захарова го повтори официјалниот наратив на Кремљ, според кој проруските елементи во источна Украина биле злоупотребувани од владата во Киев.

Таа ги коментираше и споровите меѓу руската и украинската православна црква, тврдејќи дека „киевскиот режим не се грижи за чувствата на милиони верници“, пренесува Гардијан.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.