Захарова: Сега најважно е да се обединиме

Сподели со своите пријатели

Сега најважно е да се обединиме, напиша официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на својот профил на каналот Телеграм.

Loading...

„Имаме еден врховен командант. Не два, не три. Еден. И ги повика сите да се обединат. И тоа е најважно сега“, напиша таа, пренесува РИА.

Според неа, „непријателот само чека граѓански конфликт“ во Русија и рече дека „големо искушение е мислењето да се стави над интересите на земјата и народот“.

– Но, ако подлегнете на тоа, се што живееме и за што се бориме ќе пропадне. Обединете се. Вие сте браќа. Не ги штитите интересите на поединци, туку на сите нас. Вие го штитите вашето огромно семејство и ние веруваме во вас – додаде Захарова.

Истражниот оддел на ФСБ на Русија покрена кривична постапка против Пригожин според член 279 од Кривичниот законик на Руската Федерација за организирање вооружен бунт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.