Захарова: Русија е подготвена да ја надмине кризата во односите со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Русија е подготвена да разговара за решенија за кризата со ЕУ, но секој предлог треба да ја земе предвид ситуацијата на терен и да има додадена вредност за Москва, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

„ЕУ се чини дека се обидува целосно да ја поткопа својата економија за да ги смири САД пред да ги следи нивните повици за дијалог со конкретни чекори. Што се однесува до нас, ние сме отворени да разговараме за начините за излез од сегашната криза“, рече рускиот официјален претставник  во интервју за рускиот весник „Аргументи и факти“, пренесува ТАСС.

Таа исто така нагласи дека секој предлог треба да ја земе предвид ситуацијата на терен и да има додадена вредност за Русија.