Захарова објаснува зошто Западот ја променил приказната за терористичкиот напад

Сподели со своите пријатели

Претставниците на Западот сфатија дека ќе останат во темнина доколку не го сменат односот кон терористичкиот напад во „Crocus City Hall“, па ден претходно масовно го посетија Министерството за надворешни работи на Русија, соопштија од портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

„Тие дојдоа вчера, вклучително и западњаци, во нашето министерство и сфатија дека и покрај тоа што се декларираат за доминантни, светот веќе зачекори напред. И тие ќе останат сосема сами доколку не го променат ставот кон оваа монструозна трагедија“, изјави таа за „Спутник радио“.

Таа оцени и дека изјавите на Вашингтон со кои се негира вмешаноста на Украина во нападот се сами за себе доказ.

„Тоа што во првите 24 часа, пред воопшто да се изгасне пожарот, Американците почнаа да викаат дека не е Украина, мислам дека тоа е доказ. Не можам поинаку да го оквалификувам“, нагласи таа.

Во терористичкиот напад на концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва загинаа 139 лица, а 182 се повредени.

Полицијата ги приведе осомничените, државјани на Таџикистан, а против нив е покрената кривична постапка за терористички напад, пренесува Спутник.