Захарова: Макрон да ја прекине испораката на оружје за Киев

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон треба да ја прекине испораката на оружје за Киев и да претстави предлог за примирје на страните во конфликтот на Блискиот Исток, изјави за ТАСС портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја иницијативата на францускиот претседател за воспоставување прекин на огнот во Украина за време на Летните олимписки игри во јули.

Loading...

– Предлагам одговор на Макрон: да престане да се снабдува со оружје што се користи за убивање цивили, како и да престане да го спонзорира тероризмот. Уште еден предлог до Макрон: да се претстави сличен предлог на страните во конфликтот на Блискиот Исток. Веројатно многу зависи од зборот на Франција – коментира Захарова.

Во интервју со украински новинар во саботата, Макрон рече дека од Русија ќе биде побарано да го почитува прекинот на огнот во Украина за време на Олимпијадата, пренесува Ројтерс.

– Тие (Русите) мора да го направат ова. Тоа е она што отсекогаш се случувало – истакна францускиот претседател.

Тој додаде дека Франција како домаќин на Олимписките игри ги следи одлуките на Олимпискиот комитет и дека соодветно на тоа, Париз од Москва ќе бара привремен прекин на огнот и дека најголемото спортско натпреварување во светот е „порака за мир“.

РОК нема да ги бојкотира Олимписките игри годинава во Париз

Меѓународниот олимписки комитет ја осуди руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, тврдејќи дека руската влада го прекршила Олимпиското примирје, кое има за цел да ја искористи моќта на спортот за промовирање на мирот и дијалогот.

Претседателот на Рускиот олимписки комитет (РОК), Станислав Подзњаков, во четвртокот објави дека РОК нема да ги бојкотира овогодинешните Олимписки игри во Париз, и покрај ограничувањата за спортистите наметнати од Олимпискиот комитет.

Градоначалничката на Париз, Ана Илдаго, во средата изјави за Ројтерс дека би сакала руските и белоруските спортисти да не се појавуваат на Игрите.

Loading...

На спортистите од овие две земји најпрво им беше целосно забрането учество на Олимписките игри, а потоа на поединечни спортисти им беше дозволено да се натпреваруваат без да ги користат знамињата и химните на нивните земји, под услов на кој било начин да не изразат поддршка за инвазијата на Украина.