Захарова: Изјавите на Трамп за прекин на конфликтот мора да бидат проследени со конкретни чекори

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави денеска дека изјавите на Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина мора да бидат проследени со конкретни чекори.

Loading...

Захарова за телевизијата „Русија 24“ изјави дека изјавите на Трамп мора да бидат проследени со конкретни активности на кои ќе се фокусираат сите страни.

Според неа, Трамп разбрал дека САД треба да ги решат своите внатрешни проблеми, пренесе РИА Новости.

Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, рече дека планира да не започнува војни, туку да ги прекине.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп моментално води против кандидатката на Демократската партија Камала Харис на претседателските избори во САД, а според последните проекции на АП, Трамп добил 267 електорски гласови, додека Харис собрала 224. Трамп прогласи победа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вработеноста во САД во ноември подобро од очекуваното