Министерството за надворешни работи на Русија ги нападна САД и Велика Британија за обука на украински војници, нарекувајќи го тоа дел од „хибридната војна“ на НАТО против Русија.
Портпаролката Марија Захарова на прес-конференција рече дека Вашингтон испратил инструктори во Украина за да ги обучуваат украинските војници за употреба на напредни американски ракетни системи ХИМАРС.
Таа додаде дека украинските сили веќе користат ракети, кои имаат поголем дострел и се попрецизни од другата артилерија.
САД објавија дека осум системи HIMARS ќе бидат оперативни до средината на јули.
Аналитичарите веруваат дека ова оружје може да ги промени односите на бојното поле.
Киев соопшти дека веќе уништил неколку магацини со руско оружје во источна Украина.
Захарова, исто така, ја критикуваше Британија за нејзината одлука да обучи стотици украински војници на нејзина територија.
Новата иницијатива на Лондон е дел од „хибридната војна“ на Западот против Москва, рече Захарова.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.