Загинаа сите 10 лица: Кои се луѓето кои беа со Пригожин во авионот што се урна?

Сподели со своите пријатели

Патниците во авионот „Ембраер Легаси“, кој се урна во Тверската област во Русија, биле поврзани со приватната воена компанија „Вагнер“, пишува московскиот весник „Известија“ откако Руската Федерална агенција за воздушен транспорт ги објави имињата на патниците.

Loading...

Во авионот што бил на пат од Москва за Санкт Петербург имало десет лица, седум патници и тројца членови на екипажот, јави претходно агенцијата ТАСС.

Освен Пригожин, во авионот бил и Дмитриј Уткин, неговата десна рака, потврди Росавијација.

Дмитриј Уткин е оперативен командант на Вагнер групата, за кој се вели дека е коосновач на организацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напаѓачот на Трамп изјавил за АФП: „Путин е терорист, мораме да му ставиме крај“

 

 

Бил висок офицер во руската армија, добил неколку Ордени за храброст и бил во редовната армија до 2013 година.

Loading...

Исто така, се претпоставува дека единицата го добила името по неговиот код или „повик“ име што го имал во руската армија – Вагнер.

Тој важеше за голем руски националист, за кој се шпекулираше дека има нацистички тетоважи на телото.

На списокот на патници беа: Евгениј Пригожин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов, Дмитриј Уткин, Николај Матусеев.

Валери Чекалов е сопственик на компанијата „Европолис“ и соработник на Пригожин, пишува весникот „Известија“.

Сергеј Пропустин бил член на Вагнер, а тоа за весникот го потврдила и неговата братучетка Анастасија Пропустина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

Врски со Вагнер имале и Евгениј Макаријан и Александар Тотмин кои се на списокот на патници, а некаде пишува дека се вработени во компанијата Вагнер.

 

Loading...

 

Алексеј Левшин, Рустам Каримов беа пилот и копилот, а Кристина Распопова беше стјуардеса.

 

 

Групацијата Вагнер е основана во 2014 година. Нејзината примарна задача беше да ги поддржи украинските сепаратисти во Украина, како и да се бори за интересите на Русија и нејзините сојузници низ Африка и Блискиот Исток.

Учествуваше и во сириската граѓанска војна на страната на претседателот Башар ал Асад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одби масовен напад на руски дронови врз Киев

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...