Загина велосипедист од Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесетгодишен кумановец утринава починал на скопските клиники, каде бил пренесен, откако вчера додека возел велосипед бил удрен од сеат.

Loading...

– На 24.01.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во 14.00 часот на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од Куманово, удрило во велосипедистот Ж.Ј.(70) од село Режановце, кумановско, по што го напуштил местото, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Велосипедистот Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 06.00 часот на 25.01.2023 починал.

Денеска, по преземените мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот С.М. и во службен разговор во полициска станица го признал делото.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од кумановската полиција.

Никола Ивановски