Загина тракторист од кумановско

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишен тракторист од селото Пелинце вчера загинал откако се превртел со својот трактор.

Loading...

– На 10.11.2022 околу 21.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Пелинце, кумановско, на место викано „Искра“ во „Пчинска Река“, Р.И.(67) од селото Пелинце, додека управувал трактор „Фергусон 539“, се превртел и починал на местото на несреќата, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Лекар констатирал смрт, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

На терен интервенирала и противпожарна екипа на ТППЕ Старо Нагоричане.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Никола Ивановски