Загадениот воздух предизвикува рак на белите дробови

Сподели со своите пријатели

Сега е научно потврдено она во што многумина што се дават во смог долго време се сомневаа: загадениот воздух предизвикува рак на белите дробови, пренесува Си-ен-ен.

Loading...

Меѓународната агенција за истражување на ракот објави дека загадениот воздух е карциноген, заедно со веќе познатите закани, како што се азбестот, тутунот и ултравиолетовото зрачење. Одлуката била донесена по консултациите на експертите во организација на ИАРЦ, агенцијата за канцер на Светската здравствена организација, која е со седиште во Лион, Франција.

Врвните здравствени експерти нашле „доволни докази“ дека изложеноста на загаден воздух предизвикува рак на белите дробови и го зголемува ризикот од рак на мочниот меур.

„Воздухот што повеќето луѓе го дишат е загаден со сложена мешавина од супстанции што предизвикуваат рак“, рече Курт Страиф, шеф на одделот на ИАРЦ што ги проценува карциногените. Тој вели дека сега агенцијата го смета загадувањето за „најважниот еколошки карциноген“, многу повеќе од пасивното пушење и чадот од цигарите.

ИАРЦ претходно имаше прогласено некои од компонентите на загадениот воздух, како што се дизел-гасовите, за карциногени, но ова е првпат Светската здравствена организација да соопшти дека загадениот воздух во целост предизвикува рак.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *