Заев: Законот за јазиците е согласно Уставот и потребата на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Има многу јасна дистинкција како се носат закони за унапредување на употребата на јазиците во ова време, со оваа Влада и онаа порано. Порано се носеа по завршување на парламентарни избори, додека се формираше влада, на шверцерски начин, без каков било коментар на високите политички претставници и речиси без дискусија.

– Со тоа што го правиме ние како Влада, најавувајќи го законот, лично јас од Охрид на прес-конференција, отворивме опсежна дебата. Сакавме да го донесеме пред изборите, но опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни. И, нема проблем. Дебатата ќе продолжи, нека се искористри можноста дебатата да опстојува до донесувањето на законот. Сакаме на транспарентнен начин, без каква било резерва или пречка зад која ќе се криеме, да носиме вакви важни работи за потребите на граѓаните. Ништо не ни значат одредени суетни прашања независно од кој се поставени. За нас границите се ставени – тоа да биде уставно и вистинска потреба на граѓаните, подвлече Заев.

Според него, Уставот ја има дефинирано употребата на јазиците, дури и појаснето.

– Ние се водиме од рамката што се вика Устав на РМ и практична потреба на граѓаните, а не хир. Секоја идеја, критика, сугестија е добредојдена. Тоа секојдневно се случува, ние знаеме да се корегириме, да се повлечеме, зашто мора и треба да ги слушаме граѓаните. За нив сме тука, потенцира премиерот.

Извор: МИА

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.