Заев: Утре или задутре одиме со објавување нови “бомби”, и тоа пред Влада (видео)

Сподели со своите пријатели

По денешната лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје, лидерот на СДСМ, Зоран Заев соопшти дека денес се споделени информации со претседателите на ДУИ и ДПА за тоа што се разговарало во Стразбург, со договор за следна средба идната седмица.

Loading...

– Оставивме Европската Унија преку своите претставници да ги соопшти деталите. Така се договоривме. Зошто? За да дадеме шанса на успешност на процесот којшто би можел да почне, а тоа се преговори. Се уште се разговара за рамката, за форматот, за еден куп детали, темите се номинираат, но никако не сме навлегле во деталите за да можеме да кажеме дека имаме отпочнато преговарачки процес. Секако, за да дадеме шанса, сите сме, се надевам искрено, со обид да имаме успешен преговарачки процес. Треба да оставиме Европската Унија да ги даде деталите во тоа што таа мисли дека може да го соопшти на јавноста, изјави Заев.

 

Прашан за тоа дали и кога ќе почне новото објавување на прислушкуваните материјали, Заев соопшти дека поради давање шанса на протестните активности, СДСМ донел одлука привремено да запре постапката, со цел вниманието да биде насочено на тие активности.

– Испраќаме многу сериозни пораки за нас како опозиција, и до домашната и до меѓународната јавност, но најавивме, утре или задутре, претпоставувам утре, ќе продолжиме со објавување, изјави Заев.

Објавувањето на новите ”бомби” според Заев ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.

 

Loading...

Leave a Reply