Заев: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски (видео)

Сподели со своите пријатели

Полноќната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за одложено распуштање на Собранието, е уште еден пораз на Никола Груевски, изјави на последната прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев, одржана веднаш по изгласаната одлука, изборите да не се одржат на 24 април.

Според Заев, после сите лаги, измами, инаетења, со денови криење од јавноста, Никола Груевски ја признал својата лична одговорност, а тое дека нема услови за слободни, фер и демократски избори на 24-ти април.

Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, лажниот патриот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза.  

 Потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино, дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија.

Груевски сакаше да ја вовлече Македонија во сериозна меѓународна изолација и длабока внатрешна криза, со единствена цел, заштита на криминалот и корупцијата на фамилијата.

 Никола Груевски се плаши од слободни и фер избори, затоа што знае дека ќе ги изгуби. На сите им е јасно: Никола Груевски не може да ја држи Македонија во заложништво.

 Пред само еден час ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување од датумот, 24-ти април. Вечерва се потврди, Ви реков, се случи: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Тој е минато. Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори.

 Избори  со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми на коишто сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат.Во Македонија мора да се избере нова Влада, со полн легитимитет, за решавање на сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат. На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните. Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности, изјави Заев.

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.