Заев на средба со „Кумановски Акцијаши“ закажана преку веб страницата на Владата

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев денеска имаше средба со Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“.

Како што информира владината прес-служба, здружението средбата ја закажало преку контакт формата на веб-страницата на Владата. Тие од премиерот Заев побарале поддршка за реализирање на нивната голема регионална активност, во рамките на меѓународна волонтерска еколошка акција, која ќе ја организираат во соработка со слични здруженија од шест држави од поранешна  Југославија вклучувајќи, ги и Косово и Албанија.

Акцијашите информирале дека планираат акција кој треба да се случи кон средината на идната година и има за цел ревитализација и реставрација на локалитетот Костурница. Според нив, оваа активност е во насока на промовирање на меѓуетничка толеранција и соживот меѓу балканските народи.

Премиерот изразил поддршка за нивната работа и залагања, и ги повторил заложбите на Владата на РМ да посвети повеќе време и ресурси во поддршката на еколошките здруженија и нивните активности.

– Ваквите здруженија најдобро можат да испорачаат реални резултати преку својата работа во насока на заштитата на животната средина и природата, истакна премиерот во текот на средбата.

Здружението „Кумановски акцијаши“ брои 174 членови и е добитник на наградата „3 Ноември“, што ја доделува Општина Куманово за промовирање на волонтерската работа.

Извор: МИА

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.